ПОВЕЌЕ

    Во осум маркети сме потрошиле 880 милиони евра, Кам со 233 милиони е лидерот

    Време зa читање: 2 минути

    Во осумте  најголеми синџири граѓаните лани оставиле речиси 880 милиони евра, а направена е вкупна нето-добивка од над 25 милиони евра, покажува анализата на „Пари“ врз основа на податоците од платформата БизнисМрежа.мк.

    Во 2021 година прометот во истите трговски синџири бил 750 милиони евра, а нето добивката околу 30 милиони евра. Така, овие податоци откриваат дека лани со поголем  промет (што се должи на раст на цените, а не на растот на пазарењето, како што потврдува и Државниот завод за статистика), направен е помал профит отколку во претходната година.

    Најголем приход има остварено „Кам“. Во 2022 година таму граѓаните оставиле 232,7 милиони евра и тоа на компанијата и донело 4,9 милиони евра, речиси исто како и претходната година. Нето-профитната маргина на компанијата била малку над 2 проценти.

    Како и во 2021 година, така и лани, рекордер во добивка е „Верополус“ со остварена нето-заработка од 9,2 милиони евра. Во 2021 година пак, добивката била нешто поголема и изнесувала 10 милиони евра. Интересно за „Веро“ е висината на профитната маргина како сооднос на приходот од 90,4 милиони евра и нето – добивката од 9,2 милиони. Грчката компанија има нето профитна маргина од дури 10 проценти!

    Како работеле останатите маркети може да погледнете во табелите:

    Трговски синџири со најголеми приходи

    Трговски синџири со најголеми добивки

    Редакција Пари

    14,794Следи нè на facebookЛајк

    слично