Во организација на SEE Link утре, на 5 јуни, со почеток во 11 часот на ZOOM ќе се одржи онлајн настан под наслов „Sustainable SEE: 360* approach – powered by SEE Link“. На настанот, посветен на таканаречената ESG рамка (животна средина, социјала и управување) ќе настапат повеќе реномирани предавачи, како Акс Барнабас, претставник на London Stock Exchange Group, Ана Скортино, одговорна за политики на Европско тело за хартии од вредност и пазари ЕСМА, Ѓиво Пулитика, раководител за истражувања во Inter Capital Asset Management, Димитар Ристовски, координатор на Одборот на ЕСГ при Алкалоид АД Скопје и Иван Паспалџиев од реномираната консултантска куќа Denkstrat Bulgarija.
„ESG станува платежно средство на иднината и интегрирањето на овие принципи може да обезбеди компетитивна предност за бизнисите на SEE и да привлече странски инвеститори“, се вели во најавата на овој настан. „Без оглед дали сте компанија, инвеститор, консултантска фирма или било кој друг учесник на SEE пазарите, ќе добиете пристап од 360 степени“, се додава.
ESG е рамка која се користи за проценка на деловните практики и перформансите на организацијата за различни одржливи и етички прашања. Исто така, обезбедува начин за мерење на деловните ризици и можности во тие области.
Учесниците на конференцијата можат да се пријават на следниот линк: https://lnkd.in/dapjj8-p