Општина Арачиново се наоѓа североисточно од Скопје, околу 12 километри од главниот град. Во состав на општината се четири населени места: Арачиново, Грушино, Орланце и Мојанце. Врз основа на резултатите добиени од Пописот од 2021 година, во општината живеат 12.676 жители, 2.848 домаќинства и евидентирани се 2.815 станови.
Општината е дом и на многу компании, а десетте најголеми по промет во 2024 година свртеле вкупно 29,7 милони евра, покажува анализата на Пари во соработка со Бизнис мрежа. Истите тие компании во 2023 година направиле промет од 25,8 милиони евра. Десетте компании што направиле најголеми добивки во општината имаат вкупен профит од 2 милиони евра, и тие се покажале подобри отколку во 2023 година, кога профитот им бил 1,3 милиони евра. Најголемите 10 работодавачи во Арачиново лани имале 195 вработени, а истите тие во 2023 година вработувале 189 работници.
ТРГОВИЈА И ТРАНСПОРТ СЕ БЕЛЕГ НА ОПШТИНАТА
Производно трговско друштво С Б В-КОМПАНИ Беќир ДООЕЛ увоз-извоз Арачиново има свои три маркети што го носат името С-маркет. Ги има во Арачиново, Гази Баба и Чаир.
„Приказната С-Маркет трае три децении. Ние сме горди на нашите скромни почетоци. Нашата компанија е основана во 1984 година, а првиот маркет беше отворен во 2004 година. Денес работиме два маркети, ресторан, фурна, производство на бели печива и слатки, сопственици сме на објект со површина од повеќе од 6000 метри квадратни и вработуваме над 80 луѓе.
Илинден: Бизнис-мотор со милијарди евра обрт и илјадници вработени
Во С-Маркет, покрај прехранбени производи, ќе најдете и бела техника и апарати за домаќинство, играчки, алати, украси, облека за деца и возрасни, сè што е потребно за вас и вашиот дом. Нашата мисија е на клиентите да им понудиме производи со висок квалитет и ниски цени“, пишува на официјалната страница на С маркети.
Производно трговско друштво С Б В-КОМПАНИ Беќир ДООЕЛ лани направило промет од речиси 13,6 милиони евра, со што станало најприходната компанија во Општина Арачиново.
На второ место по приход се наоѓа Друштвото за транспорт и трговија МАЈАНЦА – ШПЕД. Приходот му бил 3,4 милиони евра.
И третото место по приход е во секторот транспорт и шпедиција, а носител е БРЕЗА ТРАНС ШПЕД со промет од 2,4 милиони евра.
Извор: Бизнис Мрежа
Како што може да се види од податоците, сите најголеми компании по приход во Арачиново се или трговци или превозници и шпедитери.
Како што може да се забележи од табелата, седум компании имат раст на профитот, две пад и една ‒ Друштво за трговија и услуги ЉИБУРНА Т 1997 во 2023 година не работела.
ШАМПИОНСКА ТРОЈКА И ПО ПРИХОД И ПО ДОБИВКА
Првите три компании коишто во Општина Арачиново направиле најголем приход имале и најголема добивка. Така во првата тројка по добивка се С Б В-КОМПАНИ Беќир со добивка од 918.000 евра, МАЈАНЦА – ШПЕД со добивка од 560.000 евра и БРЕЗА ТРАНС ШПЕД со добивка од 196.000 евра. Следните седум компании во друштвото на ТОП 10 компании по добивка имаат профит помал од 100.000 евра.
Извор: Бизнис Мрежа
Податоците покажуват дека на бизнисот во Арачиново лани му одело подобро отколку во 2023 година. Сите компании, освен транспортно-шпедитерската БРЕЗА ТРАНС ШПЕД (пад на добивката од 64,6 насто), имале раст на добивките и тоа од 36,5 насто (С Б В-КОМПАНИ Беќир) до дури 3.672 насто (Друштвото за производство, трговија и услуги БИСЕР-ВЕЗЕ ДООЕЛ).
НАЈГОЛЕМИТЕ РАБОТОДАВАЧИ ОД АРАЧИНОВО ИМААТ 195 ВРАБОТЕНИ
Трите најголеми компании по приход во општината, кои истовремено се и трите најголеми компании по добивка, го следат истиот тренд и во однос на вработеноста – токму тие се првите три компании што вработуваат најмногу луѓе.
Анализата покажува дека десетте најголеми работодавачи во Општината имаат 195 вработени, или 6 помалку вработени отколку во 2023 година.
Извор: Бизнис Мрежа
Редакција Пари
Лектор: Христина Ангелеска-Мијоска
Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии) од оваа страница е дозволено само делумно и важат условите опишани на следниот линк.
Ѓорче Петров: И без Пампурче од приградската стигна до бизнис-станицата