ПОВЕЌЕ

    Во Британија се активираа државните резервни цистерни со гориво, ќе ги возат цивили

    Време зa читање: < 1 минутa

    Британија соопшти дека државната резервна флота на камиони-цистерни ќе биде употребена подоцна во текот на денот и дека цивили ќе возат за да помогнат во испораката на гориво до бензинските пумпи низ целата земја.

    „Можам да потврдам дека државната резервна флота на цистерни ќе тргне попладнево за да ја зголеми испораката на гориво до бензинските пумпи низ Британија“, напиша на Твитер министерот за деловна стратегија Кваси Квартенг, пренесе Ројтерс.

    Тој додаде дека „камионите ќе ги возат цивили, што ќе и овозможи на индустријата за гориво дополнителен логистички капацитет“.

    14,794Следи нè на facebookЛајк

    слично