ПОВЕЌЕ

    Во блок-трансакција купени сите акции на Мак Тренд Брокер

    Време зa читање: < 1 минутa

    Познат купувач вложил 50 илјади евра и станал сопственик на осигурителното брокерско друштво Мак Тренд Брокер. Ова друштво со адреса во Скопје има издадено 500 акции, кои биле предмет на купопродажба во реализираната блок-трансакција.

    Од податоците објавени на Македонска берза (со датум 25 ноември) се гледа дека трансакцијата е реализирана по единечна цена од 6.156 денари за акција. Притоа, направен е промет од 3.078.000 денари.

    Исто така, забележливо е дека во последните 52 недели немало тргување со овие акции на слободниот пазар.

    Осигурителното брокерско друштво работи од 2014 година и врши услуги во областите на животното и на неживотното осигурување. Според податоците од Бизнис Мрежа, функционира со тројца работени, а минатата година за 23,72 насто ги зголемиле приходите, кои достигнале 112,2 илјади евра. За разлика од преклани, кога работеле со загуба (-16,9 илјади евра), лани оствариле добивка од 13,8 илјади евра.

    14,794Следи нè на facebookЛајк

    слично