Во 697 акции на Комерцијална банка вложени се 319,6 илјади евра. На Македонска берза се реализирани две блок-трансакции, преку кои со овие акции се стекнал еден или можеби неколкумина познати инвеститори.
Во берзанската статистика со датум од 27 февруари е заведено дека и двете трансакции се изведени по едкинечна цена за акција од 28.200 денари.
Првиот блок содржи 500 акции, а неговата вредност е 14.100.000 денари, односно 229,3 илјади евра. Преку вториот блок се купени 197 акции за 5.555.400 денари или 90,3 илјади евра.
Цената по која се купени акциите е пониска од просечната на официјалниот пазар од 28.300,34 денари. Според дневната листа (27 февруари), истргувани се 219 акции со остварен промет од 6.197.770 денари (100,8 илјади евра).
Аналитика








