ПОВЕЌЕ

    ВО БИЗНИСОТ СО ЧАСОВНИЦИ И НАКИТ: Продаваат луксуз за плата од 398 до 679 евра

    Време зa читање: 3 минути

    Во бизнисот со часовници и накит, каде што секој производ е симбол на статус и стил, не помалку важен е — човечкиот капитал. Ако приходот и добивката, што ги анализиравме во претходниот текст на Пари, ни кажуваат колку една компанија заработува, тогаш структурата на вработените ни покажува како таа заработка се гради – и дали е одржлива. Од бројот на вработените до висината на платата, овие податоци откриваат колку е една компанија подготвена да инвестира во одржлив раст.

    „ЛУДИЛО“ ПО ЧАСОВНИЦИ: Македонците потрошија милони евра

    Во ова продолжение на анализата што порталот Пари ја направи за тоа како работат лидерите во продажбата на луксузни часовници на македонскиот пазар, се задлабочуваме во платната политика и динамиката на работната сила. Преку податоците користени од базата на Бизнис Мрежа може да се добие претстава како компаниите вложуваат во своите луѓе и што тоа значи за нивната иднина.

    „Мај Тајм“ не само што доминира по приход и добивка во 2024 година, туку покажува и јасна стратегија на континуирана експанзија преку раст на човечки капитал. За четири години, бројот на вработени пораснал од 56 на 79, што е зголемување за речиси 41 насто.

    Истовремено, просечната плата пораснала од 566 евра во 2023 на 611 евра во 2024 година. Ова покажува дека компанијата не само што се проширува, туку и инвестира во кадар, што е важен индикатор за долгорочна стабилност и пазарна доминација.

    „Божиновски“ се позиционира како компанија што го вреднува својот кадар. Иако бројот на вработени не следи конзистентен тренд (од 40 вработени во 2021, па пад и повторно раст до 48 во 2024), сепак платата е највисока меѓу трите компании679 евра месечно во 2024, со значителен скок од 589 евра во 2023. Ова укажува на повисока вредност за човечкиот капитал.

    На другата страна, „Б-ВОЧ“ има голем пад кај бројноста на вработените – од 39 во 2021 на само 20 во 2024, што е намалување од 49 проценти. Во исто време, платата скромно пораснала од 341 евро во 2023 на 398 евра во 2024 година. Со тој просечен износ останува најниска меѓу овие компании, иако успева да одржи скромен, но стабилен профит.

    Како што расте конкуренцијата и се менуваат потрошувачките навики, начинот на кој компаниите се однесуваат кон своите вработени ќе биде еден од најсилните индикатори за нивната подготвеност да се носат со иднината. Зашто во индустријата каде што се продава „време“ – вистинскиот капитал секогаш остануваат луѓето.

    „ЛУДИЛО“ ПО ЧАСОВНИЦИ: Македонците потрошија милони евра

    Катерина Михајлова

    Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии) од оваа страница е дозволено само делумно и важат условите опишани на следниот линк.
    14,794Следи нè на facebookЛајк

    слично