Старо Нагоричане, Зрновци, Липково и Лозово е августовскиот распоред на Мобилниот даночен шалтер на Управата за јавни приходи.
Идниот вторник, на 8 август оваа услуга ќе биде достапна за жителите на Старо Нагоричане. На 16 август (среда) ќе биде во Зрновци, на 22 август (вторник) во Липково, а на претпоследниот ден од месецот (среда) во Лозово.
Вообичаено, мобилните шалтери ќе бидат лоцирани пред општинските згради, а со клиенти ќе работат од 10 до 15 часот.
Услугата „Мобилен даночен шалтери“ од УЈП ја реализираат со четири специјално опремени комбиња. Практика е даночниците секој месец да ги посетуваат населените места каде што УЈП нема постојани даночни канцеларии, како и локации кои дополнително можат да се утврдат во соработка со општините и потребите на локалното населиние и бизнисите.
Оттаму, Управата ги повикува граѓаните и фирмите да ги искористат термините и без да го напуштаат местото на живеење и работа, да ги завршат неопходните активности или да ги добијат даночните услуги и информации преку мобилните шалтери.