ПОВЕЌЕ

    „ПАРИ“ АНАЛИЗИРА: ВО 1991 ГОДИНА ТРОЈЦА ВРАБОТЕНИ „ИЗДРЖУВАЛЕ“ ЕДЕН ПЕНЗИОНЕР, сега тоа го прават 1,7 вработени

    Време зa читање: 5 минути

    Во далечната 1991 година, односно пред 31 година, имало 538.887 вработени и 180.749 пензионери. Така, соодност меѓу вработените и пензионерите бил 3:1, покажува анализата на „Пари”. По драстичниот пад на бројот на вработените во периодот на транзицијата, бројката е вратена, а веќе е и надмината во однос на тогашното ниво и според последните податоци (за 2020 година) во Македонија има 571.863 осигуреници со задолжително пензиско и инвалидско осигурување, но истовремено 326.295 корисници на пензија. Така, во 2020 година соодносот меѓу бројот на вработени и пензионери бил 1,7:1.

    Нарушувањето на соодносот меѓу бројот на вработени и пензионери не е нешто што е карактеристично само за нашата земја. Тоа е глобален проблем со стареењето на полулацијата, но кај нас, во време на транзицијата тој дополнително се искомплицира со масовното губење на работните места и со намалувањето на бројот на вработените. Така, од 534.887 вработени во 1991 година, бројката стигнала до 321.105 вработени (најниско ниво), потоа постепено се зголемувала и прагот од 400.000 вработени со платени придонеси е надминат во 2007 година. Во 2012 година пак, е надмината бројката од 500.000 вработени и тогаш се евидентирани 507.061  вработени и оттогаш таа постојано помалку се поместува во нагорна линија.

    За разлика од трендот на движење на платите кои оделе надолу па нагоре, бројот на пензионерите постојано се зголемувал. Така, во 1991 година имало 180.749 пензионери, а 2021 година е завршена со 328.570 корисници на пензија.

    Гледано низ годините, за 4 години од 1991 до 1995 година соодносот на бројот на вработени и на пензионери од 3:1 се намалил на 2:1, а потоа во наредните 5 години се „лизнал“ на 1,5:1. Од 2002 до 2006 година, тој сооднос се закотвил на  1,3 вработени во однос на 1 пензионер, за да потоа во наредните години малку се подобрува, достигувајќи го врвот во 2015 година кога имало 1,9 вработен на еден пензионер. Фондот за ПИОМ не нуди податоци за периодот од 2015 до 2020 година, но во 2020 година состојбата е влошена во однос на 2015-та!

    Соодносот на бројот на корисниците на пензија и бројот на вработените

    ГодинаБрој на вработениБрој на корисници на пензијаБрој на корисници на пензија на 1000 враб.Број  на враб. на 1 корисник на пензија
    1991534.887180.7493383,0
    1995427.658 219.3075132,0
    2000367.162241.2216571,5
    2001351.009247.2007041,4
    2002332.728249.421 7501,3
    2003321.105254.2677751,3
    2004348.212260.0757471,3
    2005348.500262.1527611,3
    2006394.882269.6817141,5
    2007424.338272.3866931,6
    2008451.491273.2816541,7
    2009475.780273.9775761,7
    2010466.280273.7515871,7
    2015558.821299.6405361,9
    2020571.863326.2955711,7

     Извор: Фонд за ПИОМ

    КАКО Е ВО РЕГИОНОТ?

    Србија

    При согледување на соодносот на бројот на вработени и на бројот на корисници на пензија во Република Србија, забележливо е значително зголемување на бројот на пензионери и големо намалување на бројот на вработени во последните децении. Сега, соодносот на бројот на вработни во однос на бројот на пензионери во Србија е слиен како во Македонија, односно околу 1,7 вработни на 1 пензионер. Но минатата година, тамошните медиуми алармираа дека дури во 30 општини бројот на пензионерите е поголем од бројот на вработените!

    Црна Гора

    Фондот за осигурување на Црна Гора на месечна основа ги ажурира податоците за соодносот меѓу вработните и пензионерите. Последните податоци се за јануари годинава и според нив бројот на осигуренците е 212.046, бројот на пензионерите е 113,498, со што 1,87 вработени издржуваат еден пензионер.

    Неодамна Фондот за пензиско осигурување на Црна Гора излезе со свое видување на состојбата за содносот на бројот на вработени и пензионери.

    „Одржливоста на пензискиот систем, кој се заснова на тековно финансирање, во голема мера зависи од односот на бројот на вработени и пензионери, односно бројот на осигурениците и корисници кои се финансираат од овие придонеси. Иако се смета дека оптималниот сооднос е 1:5, а минималниот 1:3, овие соодноси тешко се постигнуваат дури и во економски најразвиените земји во Европа. Покрај демографските промени во однос на стареењето на населението, причина за тоа е и тешката економска состојба. Затоа дел од средствата за исплата на пензиите се обезбедени од Буџетот“, соопштија од Фондот за пензиско и инвалидско осигурување на ЦГ.

    Хрватска

    Според податците на Фондот за пензиско осигурување на Хрватска, таму состојбата е полоша. Имено, бројот на осигуреници е 1.582.858, а бројот на корисници на пензија е 1.231.795, или соодносот е 1,28 вработен на 1 пензионер.

    Босна и Херцеговина

    На крајот од минатата година медиумите ја пренесоа веста дека во Федерацијата БиХ има 526.000 вработени и 428.000 пенизонери (1:1,23). Притоа, беше нагласено дека во ентитетот Република Српска речиси има изедначување на бројките. Односно дека има 275.000 работници и 273.000 пензионери.

    ЗемјаВработениПензионериПензионери на 1000 вработениБрој на вработени на 1 пензионер
    Црна Гора212.046113.498535 1,87
    Македонија571.863326.2955701,75
    Србија2.758.8931.660.4606011,66
    Хрватска1.582.8581.231.7957781,28
    Босна и Херцеговина526.000428.0008141,23

    Извор: Фонд за ПИОМ

    Напомена: Во табелата се внесени последни расположливи податоци, согласно објавите од националните фондови за пензиско и социјално осигурување, или од медиумите, што значи дека податоците не се за ист период, а најголемо отстапување има за Македонија,затоа што последни податоци за бројот на осигурениците се за крајот на 2020 година (податоци за пензионери има на месечна основа)

    ЕВРОПСКИ ДЕМОГРАФСКИ ПРЕДВИДУВАЊА

    Сите земји во светот прават разни истражувања во однос на демографскиот тренд и криераат политики за подобрување на благосостојбата на возрасното население. ЕУ на секои 3 години објавува извештај за адекватност на прихдите на пензионерите, а во последниот извештај од 2021 година нотираше:

    „Постарите лица (над 65 години) се значаен дел од популацијата на Европската унија (ЕУ-27). Во 2018 година, тие беа вкупно околу 89 милиони, или 20 % од вкупното население, составено од 51 милион (57 % жени) и 38 милиони (42 % мажи). Од овие 89 милиони, околу 27 милиони живееле како самци, а 43 милиони биле дел од пар, со или без деца“.

    Во извештајот е наведено и дека бројот на пенионери е поголем, затоа што има и порано пенионирани од 65 години, а и дека има и такви што не живеат во ЕУ но земаат пенија. Така, бројот на пенионерите во ЕУ бил 117 милиони. Предвидувањата се дека тие до 2060 година ќе бидат 131 милион.

    Редакција Пари

    Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање на хиперлинк до содржината што се цитира.
    14,794Следи нè на facebookЛајк

    слично