ПОВЕЌЕ

    ВНИМАВАЈТЕ, ГОДИНАВА ПОСКАПЕ СМЕСТУВАЊЕТО ВО ГРЦИЈА, откако стапи на сила новата туристичка такса за “отпорност на климатски кризи“

    Време зa читање: 2 минути

    Донесена во 2024 година, а стапува на сила од стартот на годинава – сегашната такса за сместување во соседна Грција што се наплаќа за гостите на хотелот ќе биде заменета со новата „такса за отпорност на климатски кризи“, што значи дека хотелиерите и сопствениците на имот што издаваат една соба или имот или повеќе ќе треба да наплатат дополнителна дневна скалирана такса.

    Наплатата се применува за сите форми на туристичко сместување, вклучувајќи хотели, соби за изнајмување, вили и објекти на Airbnb. Приходите од оваа наплата ќе одат во специјално создаден фонд за итни случаи за природни катастрофи.

    Данокот за отпорност ќе се применува на следниов начин:

    За периодот од март до октомври:

    Хотели 1-2 * : 1,5 евра по соба/ноќевање
    Хотели 3*: 3,0 евра по соба/ноќевање
    Хотели 4*: 7,0 евра по соба/ноќевање
    Хотели 5*: 10,0 евра по соба/ноќевање
    Наместен станови| Студија: 1,5 евра по соба/ноќевање
    Приватно сместување | Вили: 10,0 евра по соба/ноќевање

    За периодот од ноември до февруари:

    Хотели 1-2 * : 0,5 евра по соба/ноќевање
    Хотели 3*: 1,5 евра по соба/ноќевање
    Хотели 4*: 3,0 евра по соба/ноќевање
    Хотели 5*: 4,0 евра по соба/ноќевање
    Наместени станови| Студија: 0,5 евра по соба/ноќевање
    Приватно сместување | Вили: 4,0 евра по соба/ноќевање

    Овие такси ќе бидат наплатувани од гостите на лице место.

    Грција, исто така, најави дека од претстојнава туристичка сезона ќе наплатува и посебни туристички такси за гостите кои доаѓаат со големите бродови – крузери, во еднодневна посета на познатите грчки острови. Таа такса ќе изнесува од едно до 20 евра за човек, во зависност од тоа за кој остров се работи. За најпопуларните и најпосетените туристички дестинации, кои воедно досега беа и најизложени на преголем притисок на туристи, како што се атрактивните острови Миконос и Санторини, се резервирани и највисоките такси.

    14,794Следи нè на facebookЛајк

    слично