ПОВЕЌЕ

    ВМРО-ДПМНЕ: Со Стаменкоска Трајкоска – Кисела Вода ја чекаат нови 4 години напредок, развој и успех

    Време зa читање: 2 минути

    Паркови и мини шуми, младински центар, 500 нови паркинг места, пешачко велосипедска патека и многу други проекти се застапени во програмата на кандидатот за градоначалник на Кисела Вода, Бети Стаменкоска Трајкоска. Нуди проекти, мерки, визија, план и стратегија за сите проблеми и барања на граѓаните, велат од ВМРО-ДПМНЕ.

    „Следните 4 години во Кисела Вода ветуваме редовно одржување на јавната хигиена, намалување на дивите депонии и создавање чисти, уредни и безбедни јавни простори, зелени паркови и училишни мини шуми, со цел подобрување на квалитетот на воздухот и зголемување на зелените површини, општина Кисела Вода започнува долгогодишен проект за пошумување преку садење 1.000 садници годишно, односно 4.000 дрвја во период од четири години.

    Формирање на модерен Младински центар – простор наменет за развој, дружење и активизам на младите. Потоа, ќе се обезбедат над 500 нови паркинг-места во Кисела Вода преку катни и монтажни гаражи, како и преку уредени површини. На тој начин ќе се намали сообраќајниот метеж, ќе се зголеми безбедноста на улиците и граѓаните ќе добијат поуредена и пофункционална урбана средина, како и реконструкција на голем број улици, а ќе се изгради и пешачко велосипедска патека и многу други проекти“, ветуваат од партијата и ги повикуваат граѓаните „на 19 октомври да го направат вистинскиот избор, а тоа е Бети Стаменкоска Трајкоска и советничката листа предводена од ВМРО-ДПМНЕ“.

    14,794Следи нè на facebookЛајк

    слично