
Прашањето за платите на судиите и јавните обвинители со години е тема на политички и правни спорови. Во разговорот во поткастот „Каде се парите? со Горан Теменугов“, претседателот на Уставниот суд Дарко Костадиновски објаснува дека проблемот произлегува од начинот на кој законодавецот ги менувал правилата за пресметка на платите. Во одреден период биле донесени различни законски решенија кои останале да функционираат во правниот промет што создаваат колизија во системот. Според него, наместо да се реши проблемот системски, владите интервенирале со намалување на коефициентите за пресметка. На тој начин фактички се спречува растот на платите во судството. Костадиновски вели дека уште тогаш јавно се спротивставил на таквото решение.
„Ние имаме море од правни меѓународните стандарди кои викаат дека платите на судиите не можат да бидат намалувани, дури ни во состојба на криза. Меѓународни стандарди… Зошто? Затоа што платите на судиите според меѓународни стандарди, сега, дали е Венецијанска комисија, дали е Европски суд за човекови права викаат дека е нераскинлив дел од неговиот статус на независност. И тоа е точно. И јас тогаш на, седница имам кажано, од Адам до денес независен и слободен е тој што е економски независен.“
Аналитика








