ПОВЕЌЕ

    Владините возила со црвени таблички – Рокот за ребрендирање до 15 септември

    Време зa читање: 2 минути

    До 15 септември сите службени возила мора да имаат црвени регистарски таблички. Тоа е рокот даден на институциите да го спроведат брендирањето. Но, ако се пречекори, тогаш ќе има нов повик, со рок до 29 септември, соопшти директорот на владината Служба за општи и заеднички работи, Ивица Томовски, кој наведе дека се упатени насоки и препораки до сите институции да ја започнат промената.

    ЛЕСНО СЕ ПОСЕГНУВА ПО КАРТИЧКА, Македонците низ светот оставиле 666 милиони евра

    „Ова е втор повик до институциите. Доколку не биде исполнет, ќе следува и трет, со краен рок до 29 септември, односно почетокот на кампањата за локалните избори“, истакна Томовски.

    Како што посочи, правилникот не предвидува казни за тие што нема да ја направат промената, но тој процес не може да се избегне.

    „Ако некој се обиде да избегне брендирање, кога ќе му дојде време за регистрација, сепак ќе ги добие овие таблици“, рече тој.

    Возилата на Владата, на Дирекцијата за технолошко-индустриски развојни зони, на Агенцијата за храна и ветеринарство и на Царинската управа веќе се со црвени таблички. Бројот на службените возила се движи меѓу 7.000 и 7.500.

    „Точна бројка нема, бидејќи државата не води соодветен регистар“, изјави Томовски, кој најави дека ќе се отвори телефонска линија, каде што граѓаните ќе можат да пријават евентуална злоупотреба на службените возила. Секоја пријава, нагласи, ќе биде евидентирана и обработена според законските процедури.

    14,794Следи нè на facebookЛајк

    слично