ПОВЕЌЕ

    Владата со своја тактика кон договорот со „Бехтел и Енка“ – исти пари, поголема километража

    Време зa читање: 2 минути

    На „Бехтел и Енка“ веќе им се исплатени 240 милиони евра, па недомаќински ќе биде доколку договорот се прекине, но може да се добијат повеќе километри автопат од договореното. За автопатот Кичево – Охрид, пак, ќе бидат вложени сите сили за да се заврши до 2026 година, посочи минисерот за транспорт и врски, Александар Николоски, кој присуствуваше на трибината „Развој како услов за опстанок на македонското градежништво”, во организација на Градежниот факултет.

    „Сигурен сум дека може да добиеме повеќе километри автопат од тоа што е потпишано во договорот, односно повеќе километри за истата финансиска рамка. Претходната влада на изведувачот веќе му исплати 240 милиони евра за подготвителните работи, буквално за ништо, бидејќи не гледаме резултати. Затоа, од мене ќе биде недомаќински да го прекинам договорот, а средствата се веќе кај изведувачот. Изведувачот може да не тужи, да не даде на Арбитражата и да загубиме пола милијарда евра “, рече Николоски.

    Исто така, кажа дека имале средба со изведувачот, при што било побарани договорот јавно да се презентира, односно да го нема третманот на „државна тајна“. Државниот завод за ревизија веќе има извештај за досегашната работа на овој проект, а дали има криминал, како што рече, ќе треба да се произнесе Обвинителството.

    Во изградбата на автопатот Кичево – Охрид, повтори, има бројни проблеми – дел од нив се однесуваат на експропријацијата, дел за утврдените косини, дел на дислокација на објекти на трасата, најмногу бензински станици.

    „Како ќе правиме – ќе правиме, но ќе го оствариме ветувањето дека до 2026 година ќе имаме функционален автопат до нашиот најголем туристички центар“, тврди Николоски.

     

     

    14,794Следи нè на facebookЛајк

    слично