Иако германските компании во земјава сметаат дека актуелната деловна состојба им е полоша во споредба со изминатите години и не очекуваат никакви промени во однос на извозот, сепак скоро 70 проценти од нив повторно би инвестирале тука, покажува најновата анкета на Делегацијата на германското стопанство.
Членовите на Македонско-германското стопанско здружение повторно укажаа на проблеми со владеењето на правото, но посочија и на, како што се наведува во денешното соопштение, политички проблеми.
Според Делегацијата, резултатите од анкетата не се изненадувачки.
-Само осум отсто од испитаниците ја сметаат сопствената деловна состојба како добра (2019: 29 отсто), а 53 проценти како задоволителна (2019: 61 отсто). Очекувањата кои ги имаат во однос на извозот се исто така полоши во споредба со 2019 година. Само 34 проценти од нив претпоставуваат дека извозот на нивните добра и услуги ќе се развие подобро во споредба со претходните години (2019: 51 отсто). 40 отсто од испитаниците не очекуваат никакви промени во однос на извозот оваа година, додека 26 проценти од нив претпоставуваат дека ќе имаат намалување на извозот на нивните производи и услуги, вели директорот на Делегацијата на германското стопанство, Патрик Мартенс.
Од друга страна во Интервентниот инвестициски план 2021-2027-ма на Владата токму германските инвестиции кои се очекуваат во земјава се најбројни. Се очекува девет компании германски да вложат 281 милион евра во нови капацитети или проширување на постојните и да отворат 5645 работни места.
Еве кои се компаниите се германски компании кои ќе инвестираат во земјава, а ги има најмногу:
- Компанија од Германија, фабрика за амбалажа во фармацевтска индустрија, вредност на инвестицијата 120 милиони евра, нови работни места 180, ТИРЗ Скопје 2;
- Компанија од Германија, Проширување на производството, вредност на инвестицијата 7 милиони евра, нови работни места 510, ТИРЗ Струга,
- Компанија од Германија, нова инвестиција и плус проширување во Битола, вредност на инвестицијата 30 милиони евра плус 26 милиони евра проширувањето во Битола, нови работни места 3000 плус 1230 во Битола, ТИРЗ Скопје 3;
- Компанија од Германија, нов погон во Куманово, вредноста на инвестицијата 16 милиони евра нови работни места 1000, Куманово индустриска зона;
- Компанија од Германија, нов производствен погон, вредност на инвестицијата 5 милиони евра, нови работни места 100, ТИРЗ Скопје 2;
- Компанија од Германија, нов производствен погон, вредност на инвестицијата 35 милиони евра, нови работни места 120, ИЗ Охрид;
- Компанија од Германија, нов производствен погон, вредност на инвестицијата 15 милиони евра, нови работни места 100;
- Германска компанија, нов ДАТА Центар, вредност 20 милиони евра, нови работни места 35, Скопје;
- Германска компанија, автомобилски делови, вредност на инвестицијата 7 милиони евра, нови работни места 600, ТИРЗ Скопје;