ПОВЕЌЕ

    Владата да се фокусира на домаќинките како извор на работна сила – Петрески во „Каде се парите?

    Време зa читање: 2 минути

    Во време кога компаниите увезуваат работници од странство, кои често им бегаат кон ЕУ, научната студија на Фајнанс Тинк покажа дека во Македонија има резервоар од потенцијал од работна сила од 200-250.000 домаќинки. Благица Петрески во поткастот “Каде се парите со Горан Теменугов?“ посочи дека Владата и компаниите со конкретни мерки да се насочат кон мотивирање на оваа група граѓани да се вклучат на пазарот на труд.

    „Во структурата на неактивни и пензионери, имаме и пензионерки, имаме и студенти. Фокусот на мерките коишто државата и оваа влада треба да ги дизајнира ако сака да го искористи овој потенцијал треба да биде насочен токму кон домаќинките и еден помал дел треба да биде насочен кон студентите кои што можеби и во моментот можеби работат, но заради одредени причини не се декларирани.

    • И сега доаѓаме рековме до 200-250.000 домаќинки, а ниеден домаќин, како што кажавме. Како да се извлечат од домот и како да станат дел од пазарот на труд, бидејќи рековме дека ќе се влошува состојбата со работната сила. Веќе компаниите и стопанските комори алармираат, владите и политичките партии се свесни за сето тоа. Ни носат и Непалци, ни носат од странство работна сила, а имаме резервоар од 200-250.000. Ајде, како да се извлечат ….. овие луѓе?
    • Дел од препораките што оваа студија ги дава се насочени кон поддршка на вработените родители. Од една страна овозможување флексибилни работни места, да забележиме дека во моментот флексибилните работни места се во зачеток, само 4 % ги имаат тие поволности.“
    14,794Следи нè на facebookЛајк

    слично