Виза објави дека е потпишнa конечен договор за превземање на Тинк, шведска отворена банкарска платформа, за 1,8 милијарди евра (2,2 милијарди американски долари). Тинк е основана во 2012 година во Стокхолм и во неа работат околу 400 лица.
Отворената банкарска платформа им обезбедува на банки,финтек компании и старт-ап фирми да развиваат финансиски услуги. Преку својот API, Тинк обебзедува клиентите да имаат пристап до финансиски податоци, да плаќаат и да создаваат инструменти за лични финансии, објаснуваат од Visa.
Тинк ќе го задржи својот бренд и сегашниот менаџерски тим, а седиштето ќе остане во Стокхолм, Шведска.
Комбинацијата на докажаната инфраструктура на Виза и постојаните инвестиции во еластичност, сајбер безбедност и спречување на измама со API-а на Тинк, технологијата и односите со клиентите се очекува да помогнат во забрзување на усвојувањето на отворено банкарство во Европа преку обезбедување безбедна, сигурна платформа за иновации.
Како резултат, потрошувачите можат подобро да ги контролираат своите финансиски искуства, вклучително и управување со нивните пари, финансиски податоци и финансиски цели.
Во исто време, големите и малите бизниси ќе имаат поголем и поприлагоден опсег на алатки за дигитално и безбедно работење, без разлика дали се усогласуваат банкарските извештаи и сметки или овозможуваат алтернативно финансирање.
Тинк е интегриран со повеќе од 3.400 банки и финансиски институции, достигнувајќи бројка од милиони клиенти на банка низ цела Европа.
Ал Кели, извршен директор и претседател на Виза
„Виза е посветена на сé што можеме за да поттикнеме иновации и да ги зајакне потрошувачите во поддршка на отворените банкарски цели во Европа.
Со здружување на мрежата на мрежи на Виза и отворените банкарски способности на Тинк, ќе им овозможиме зголемена вредност на европските потрошувачи и бизниси со алатки за да им го направат животот поедноставен, посигурен и безбеден “ изјави Ал Кели, извршен директор и претседател на Виза.
Даниел Кјелен, извршен директор и ко-основач на „Тинк“
„Придружувајќи се на Виза, ќе можеме да се движиме побрзо и да достигнеме подалеку од кога било досега.
Виза е совршен партнер за следната фаза од патувањето на Тинк и ние сме неверојатно возбудени за тоа што ова ќе им донесе на нашите вработени, клиенти и за иднината на финансиските услуги “, рече Даниел Кјелен, извршен директор и ко-основач на „Тинк“.