Visa Revolving Study @ Go кредитна картичка на Комерцијална банка за физички лица е кредитна картичка за студенти и постдипломци. Нуди минимална месечна отплата од 10% на потрошениот износ и можност за добивање кредитен лимит од 0-12.000 денари согласно Вашите потреби.
Чиста 10-ка за вашите потреби во академските денови.
AПЛИЦИРАЈ ONLINE – За корисниците на Интернет банка, кои имаат опција за плаќање, овозможена е побрза и поедноставна постапка за online аплицирање за кредитната картичка.
Предности на картичката:
– една сметка за во земјата и во странство;- можност за плаќање на рати преку минимална месечна отплата на само 10% од искористениот дел од кредитниот лимит;
– најниска каматна стапка на искористениот кредит од само 10,42% годишно;
– добивате кредитен лимит од 0,00 до 12.000,00 денари зависно од Вашите потреби;
– добивате бескаматен период до 45 дена на трансакции направени во трговија;
– можете да купувате безбедно и без провизија на милиони продажни места во светот;
– овозможува купување преку Интернет;
– добивате дополнителни картички за Вашите најблиски, со можност за прилагодување на лимитите за секоја од картичките;
– состојбите на сметките можете да ги следите од Вашиот дом, работно место или каде било во светот, преку услугите Интернет банка, мБанка и SMS банкарство;
– можност за едноставно подмирување на обврските преку услугата траен налог;
– 24-часовна поддршка за корисниците, насекаде во светот.
Visa Revolving Study @ Go картичката е прифатена на 40 милиони продажни места и повеќе од 1,9 милиони банкомати во над 170 земји во светот. Со нејзиното користење Вашите пари ќе бидат секогаш со Вас, без да се грижите за носење готовина, кражба, губење или фалсификувани банкноти. Подетални информации во врска со прифаќањето на Visa картичките можете да добиете на www.visa.com.