ПОВЕЌЕ

    Подгответе се, сите канцеларии ќе бидат виртуелни до 2030 година

    Време зa читање: 3 минути

    Со употреба на пет немилосрдни трендови, целиот концепт за централизирано работно место ќе биде целосно застарен. Сопствениците на компании и претприемачи треба да размислуваат многу подалеку од денешните “open-space” канцеларии или работа од дома.

    Во не толку далечна иднина, вработените во најпаметните компании ќе работат далечински од било каде во светот и ќе комуницираат преку виртуелна реалност.

    Веќе постојат технологии за креирање на виртуелно работно место. Бидејќи цената неминовно опаѓа и самата технологија станува попрактична и транспарентна, побарувачката за такви работни места ќе експлодира, како резултат на следниве трендови:

    1. Зголемена јавна свест за ризиците по здравјето

    Медицинската заедница одамна посочи дека канцелариите се во основа легла за зарази и водат кон непотребно ширење на болести. Кога киваме, капките минуваат низ целата “open-space” канцеларија, задржувајки се на предметите кои ги допираме секој ден, но кои ретко се чистат, како тастатура, глувче, потпирачи за рака на столот. Виртуелните канцеларии немаат никаков здравствен ризик, затоа што веќе ги имате вашите микроби.

    2. Зголемена јавна свест за влијанието на јаглерод диоксидот

    Секојдневната употреба на превоз за да се оди на работа, резултира со ослободување на големи количини на јаглерод диоксид. Самите канцеларии (особено големи простории со високи тавани), исто така, влијаат на ослободување на огромна стапка на јаглерод диоксид. Бидејќи климатските катастрофи се во тек, тоа е неодржливо. Спротивно на тоа, виртуелните(VR) канцеларии имаат минимален удел на јаглерод диоксид со оглед на поврзаноста на еден компјутер по лице.

    3. Напуштање на идејата „open-space“ канцеларија

    Се покажа дека „open-space“ канцелариите претставуваат катастрофа за продуктивноста. Тие ја намалуваат, а не зголемуваат соработката и, ако се земе предвид загубата на продуктивноста, тие не заштедуваат пари. За разлика од нив, VR канцелариите всушност би ја зголемиле соработката и би ја чинеле компанијата, всушност, во основа, ништо.

    4. Расте побарувачка за сè поретки вештини

    Дури и во области како Силиконската долина, може да биде тешко или дури и невозможно да се најдат работници со знаење кои поседуваат специфични вештини, и тогаш треба да им плаќате огромна надокнада бидејќи и трошоците за живот се многу високи. Со помош на VR канцеларија, компанијата може да го ангажира секој од кој било дел во светот, во голема мера да го зголеми бројот на квалификувани работници, а во исто време значително да го намали износот на пари потребни за да го плати вработениот.

    5. Желбата конечно да се елиминира пристрасноста на работното место

    Канцелариите во „опипливиот простор“ се засноваат на физички изглед. Постои постојана дискриминација при вработувањето и унапредувањето на жените, малцинствата, оние кои не се конвенционално привлечни и сите оние во нивните триесетти и постари. Во VR канцелариите, секој може да биде претставен со аватар што може или не мора да изгледа како вистинска личност. Пристрасноста заснована на изглед станува невозможна, бидејќи начинот на кој лицето се појавува е целосно произволен.

    Поради сите овие растечки трендови, за десет години централизираните канцеларии ќе бидат како телефонски говорници … постарите лица се сеќаваат дека некогаш тие биле корисни, но кои сега станаа ирелевантни, застарени и непостоечки.

    14,794Следи нè на facebookЛајк

    слично