ПОВЕЌЕ

    Винер се присоединува кон АДОР Македонија Скопје – Виена Иншуренс Груп

    Време зa читање: < 1 минутa

    Акционерското друштво за осигурување и реосигурување Македонија Скопје – Виена Иншуренс Груп е внесено на „листата за набљудување“, информираа од Македонска берза.

    Тоа е направено со цел да им се обрне внимание на инвеститорите затоа што компанијата информираше дека започнува постапка за спроведување статусни промени.

    Ден претходно, Друштвото се обрати до акционерите и до сите заинтересирани, известувајќи ги дека Надзорниот одбор донел одлука за отпочнување постапка за статусна промена – присоединување. Се образложува дека Акционерското друштво за осигурување ВИНЕР – Виена Иншуренс Груп Скопје ќе се присоедини кон АДОР Македонија Скопје – Виена Иншуренс Груп. Како што се наведува, постапката ќе се спроведе согласно позитивните прописи кои се однесуваат на статусни промени.

    14,794Следи нè на facebookЛајк

    слично