Четврти ден од руската воена акција во Украина. Борби гради в гради се водат во Харков, вториот по големина град во Украина.
More footage of the engagement in Kharkiv pic.twitter.com/sVXxzE6nrg
— OSINTtechnical (@Osinttechnical) February 27, 2022
Fighting in Kharkiv pic.twitter.com/tb8OTThMwj
— OSINTtechnical (@Osinttechnical) February 27, 2022
Силите на Украинската армија и доброволците успеаа да заробат руски војник за време на борбите во Харков
Russian soldier captured during the fighting in Kharkiv pic.twitter.com/S9jPMnR4Gx
— OSINTtechnical (@Osinttechnical) February 27, 2022
Народот, украинските цивили блокираат руска тенковска колона..
Ukrainian civilians block a Russian tank column pic.twitter.com/12ShEUGKqg
— OSINTtechnical (@Osinttechnical) February 27, 2022
Ужасот продолжува..
Во меѓувреме..
Украина формира „меѓународна” легија на доброволци од странство, изјави денеска претседателот Володимир Зеленски.
„Ова ќе биде клучниот доказ за вашата поддршка за нашата земја”, нагласи Зеленски во пораката до доброволците.
Рускиот претседател Владимир Путин и се обрати кратко на јавноста на телевизија, прв пат по неговото обраќање во петокот.
Путин ја нарече инвазијата на Украина „специјална операција за пружање на помош на народните републики Донбас“ и го пофали „јунаштвото“ на руските сили со кое се борат во Украина.
-Им оддавама посебна чест на оние кои овие денови херојски ја обавија својата воена должност во текот на специјалната операција за пружање на помош на Народна Република Донбас, рекол Путин.
Официјална Москва утрово соопшти дека руска делегација пристигнала во градот Гомељ во Белорудија, за да прегобара со украинските претставници, јавува „Асошиејтед прес“.
Портпаролот на Кремљ, Дмитриј Песков, рече дека во руската делегација има воени претставници и дипломати.
Украинскиот претседател Володимир Зеленски вели дека е подготвен на разговори со Москва, но одбива тие да се водат во соседна Белорусија, чија територија е искористена за инвазијата на Русија врз неговата земја.
Ние ги предложивме „Варшава, Братислава, Будимпешта, Истанбул, Баку“, наведува Зеленски. Според советник на Зеленски, руските потези се тактички.