ПОВЕЌЕ

    ВЕШТАЧКАТА ИНТЕЛИГЕНЦИЈА Е МЕГАТРЕНД, НО СÈ УШТЕ НЕ ГЕНЕРИРА ПРОФИТ – Васко Богдановски Опфолио за поткастот „Каде се парите?“

    Време зa читање: 2 минути

    Иако вештачката интелигенција е во центарот на вниманието на инвеститорите и технолошките компании, таа сè уште не носи конкретни и одржливи финансиски резултати. Првиот човек на Опфолио инвестиции, Васко Богдановски во „Каде се парите?““ посочува дека развојот на оваа технологија бара огромни инвестиции, енергија и инфраструктура, а очекувањата на пазарите често се повисоки од реалните можности. Дали ова создава ризик од преценетост кај дел од големите технолошки компании, одговорот ќе го добиете во поткастот.

    „Веќе компаниите премногу инвестираат, дури и се свесни дека можеби премногу има инвестиции, но се свесни дека во овој момент е подобро и да потрошат повеќе пари од колку што треба, од колку одредени конкуренти да преземат водечката улога. Како што кажав, веќе селективност треба да има, генерално, сега светските пазари се обложуваат на тие акции, на тие компании што се во вештачка интелигенција и тие веќе се прилично многу скапи, тековно, иако сите знаат дека тие се добри, дека има интерес, дека има побарувачка, тие веќе се тргуваат скапо.“

    Следете нè и притиснете „subscribe

    14,794Следи нè на facebookЛајк

    слично