ПОВЕЌЕ

    Велешки „Ветекс“ успешно „плете“ на европските пазари

    Време зa читање: 2 минути

    Повеќе од три милиони евра му донеле предивата и конците за плетење на „Ветекс“ во првата половина од годинава. Велешката фирма со повеќедецениска традиција во оваа дејност, од пласманот на своите производи на домашниот и на странските пазари остварила солиден прилив, а има и добивка од 11.166.000 денари.

    И покрај сите проблеми, заедно со економската и политичката криза на европскиот терен, на „Ветекс“ му успеало да ги натфрли приходите за 59,25 насто во споредба со крајот од минатата година. Станува збор за износ од 193.005.000 денари (над 3,1 милион евра).

    Во тој период нараснале и трошоците, за 56,58 проценти. Како што наведуваат во образложението за резултатите од работењето, за остварување на вкупниот приход направени се расходи од 180.181.000 денари (повеќе од 2,9 милиони евра) за набавка на суровини и материјали, за потрошените струја и мазут, како и за платите на вработените.

    Планот за производство се одвива според барањата на пазарот и капацитетот на компанијата, која инвестира во осовременување на производството.

    „Ветекс“ е претријатие од југословенско време. Постои од 1973 година. Извозно е ориентирана и најголемиот дел од производството завршува на пазарите во Германија, Австрија, Италија, Данска, Холандија, Франција и во Швајцарија.

    Од 2022 година котира на Македонската берза.

    14,794Следи нè на facebookЛајк

    слично