ПОВЕЌЕ

    Усвоен петтиот пакет антикризни мерки, исплата од утре

    Време зa читање: 2 минути

    По два месеци одолговлекување, конечно денеска е изгласан петтиот пакет на антикризни мерки наменет за работодавачите погодени од ковид кризата. Потврдно за  Законот за финансиска поддршка за работодавачите гласаа сите присутни пратеници вкупно 115. Од нив двајца пратеници на СДСМ во скафандери бидејќи се во изолација поради ковид, а партијата на власт ги донесе со цел да обезбеди мнозинство за да се изгласа законот.

    Пратениците едногласно за помалку од еден час ги изгласаа трите закони од петиот сет економски мерки. По два месеци доценење, работодавачите и самостојните вршители на дејност ќе ја добијат помошта за исплата на плати за месеците февруари и март. На 36 – та седница на која беа законите од петиот сет мерки присуствуваа пратениците од сите политички партии.

    СДСМ веднаш по завршувањето на 36 собраниска седница на која беа изгласани во форма на закони мерките за исплата на помошта за месеците февруари и март објави дека исплатата ќе започне уште од утре.

    „Една милијарда и 920 милиони денари поддршка за плати за месеците февруари и март 2021 година од утре ќе почнат да стигаат кај граѓаните“, соопшти СДСМ.

    Фирмите и самостојните вршители на дејност за помош за плати за февруари и март од петтиот пакет мерки ќе може да аплицираат до 30 април годинава. Пролонгирањето е направено преку усвоен амандман на Комсисијата за финансирање и буџет.

    Пред да започне оваа седница, Собранието го заврши и продолжението на 32 – седница на која по 21 точка гласаа само 62 – ца пратеници од владеачкото мнозинство.
    14,794Следи нè на facebookЛајк

    слично