Министерството за трговија на САД, денес додаде уште пет кинески компании на својата црна економска листа, со објаснување дека станува збор за кршење на човековите права.
Меѓу тие компании се Hoshine Silicon Industry, Daqo New Energy, Xinjiang East Hope Nonferrous Metals и уште две други компании од кинеската провинција Синџијанг.
Тие компании беа ставени на црната листа за злоупотреба и кршење на човековите права на Ујгурите и другите муслимански малцинства.