ПОВЕЌЕ

    Кои се очекувањата на менаџментот на УНИ Банка за претстојниот период?

    Време зa читање: 2 минути

    Во првите шест месеци од 2021 година, податоците за остварување на билансните цели на банката се реален одраз на последиците од здравствено економската криза предизвикана од COVID 19, чиј импакт продолжи да се чувствува подолго од очекуваното во моментот на изготвувањето на бизнис планот на Банката за 2021 година.

    Анализата на структурата на пасивата на билансот на состојба на 30.06.2021 година и нејзината споредба со планираната укажуваат на минимално надминување на таргетираните извори на финансирање од секторот население, кои се  зголемени за 2.1% во однос на 31.12.2020 година. Од друга страна прибраните средства од финансискиот сектор бележат значително намалување во однос на 31.12.2020 година што е согласно стратегијата на Банката за намалување на расходите за камати.

    Светската пандемија предизвикана од COVID 19 продолжува да има силни економски    последици врз глобалната економија, а следствено на тоа и врз македонската економија.

    Банката ги следи економските трендови во националната, регионалната и глобалната економија со цел да се здобие со корисни информации во процесот на донесување на соодветни деловни одлуки.

    Неизвесноста за времетраење на пандемијата и покрај отпочнатиот процес на вакцинација продолжува и во првото полугодие на 2021 година, во која се очекува да се чувствуваат продолжените ефекти кои и понатаму претставуваат голем ризик за опоравување на светската, а аналогно на тоа и на македонската економија, бидејќи долгорочната примена на мерките за социјално дистанцирање ќе влијаат на приходите и потрошувачката на домаќинствата.

    Во фокусот на Банката и во 2021 година ќе биде одржувањето и зголемување на пазарниот удел по различни сегменти во банкарскиот сектор на Република Северна Македонија во зависност од преземениот ризик, влијанието на адекватноста на капиталот и профитабилноста. Како и досега, Банката интензивно ќе работи на развој на знаењето и вештините на човечките ресурси како главен столб на доброто работење, како и на дигитализацијата и постојаниот технолошки развој кој особено дојде до израз во периодот на здравствено економската криза предизвикана од COVID 19, а се со цел да излеземе во пресрет на различните потреби и интереси на клиентите.

    14,794Следи нè на facebookЛајк

    слично