ПОВЕЌЕ

    УКРАИНА И ПОРАЧУВА НА ЕВРОПА: Ние можеме да ви пуштиме гас наместо Русија

    Време зa читање: 2 минути

    Украина може да го замени капацитетот на гасоводот Северен тек 1 преку Суџа, нејзината единствена работна транзитна точка со Русија, изјави во понеделникот за Ројтерс шефот на нејзиниот оператор за транзит на гас. „Тие не ја користат Суџа до нејзиниот полн капацитет. Резервацијата за дневниот транзитен волумен е 77 милиони кубни метри, но тие испумпуваат само 41 милион“, изјави за Ројтерс главниот извршен директор на операторот за пренос Сергиј Макогон.

    Покрај Суџа, Украина има уште една транзитна точка со Русија, Сокранивка, која ја исклучи во мај, наведувајќи ја руската окупација на дел од цевката и тврдењето за исфрлање на големи количини гас од окупаторските сили.

    На прашањето дали може повторно да се вклучи Сокранивка, Макогон одговори: „Како може да се вклучи ако е окупирана и не го контролираме процесот таму?“.

    Во податоците објавени на својата веб-страница во понеделникот, украинскиот оператор за транзит на гас соопшти дека Русија номинирала 42,39 милиони кубни метри гас преку Суџа за вторник, исто колку што номинираше за понеделник.

    14,794Следи нè на facebookЛајк

    слично