Гувернерот на централната банка на Украина ги повика централните банки на Европската унија, САД, Јапонија и Велика Британија да ги забранат трансакциите во руската или белоруската рубља поради војната на Русија против Украина.
„Забраната за плаќања во руски рубљи ќе овозможи да се спречат плановите на државата-агресор да се префрли на плаќања во нејзината национална валута“, рече гувернерот Кирило Шевченко во изјавата, јавува Ројтерс.