
Пилот-фазата на националниот систем за е-Фактура покажува мерливи резултати: 148 компании се најавени за тестирање, 57 се успешно регистрирани, а 15 активно користат системот, креирајќи и доставувајќи 1.115 е-фактури, од кои 396 се успешно верификувани. Овие показатели ја потврдуваат функционалноста и стабилноста на решението во реални услови.
Управата за јавни приходи ја информира јавноста дека пилот-фазата успешно се спроведува и ја потврдува активната подготовка на деловната заедница за новиот модел на дигитално фактурирање. Компаниите кои се приклучуваат во тестирањето обезбедуваат рана техничка подготвеност пред задолжителната примена на системот, директна поддршка при интеграција и можност преку своите повратни информации да придонесат кон финалното унапредување на функционалностите.
Раното приклучување овозможува полесна адаптација на ERP и интерните ИТ системи, како и навремена подготовка за целосната имплементација. Управата за јавни приходи ги повикува ИТ компаниите, ERP провајдерите и економските оператори со сопствени ИТ решенија активно да се приклучат во пилот-фазата, да го тестираат API интерфејсот и со своите повратни информации да придонесат кон создавањето на стабилен, сигурен и практичен систем за е-фактурирање кој ќе одговара на реалните потреби на бизнис-заедницата.
Од УЈП посочуваат и на корисните линкови за вклучување во тестирањето:
Техничка документација: https://efakturawiki.ujp.gov.mk
Регистрација и доделување привилегии: https://eujptest.ujp.gov.mk/ureg
Тест платформа: https://efakturatest.ujp.gov.mk
Сугестии и забелешки: [email protected]
Управата ги охрабрува сите заинтересирани економски оператори навремено да се приклучат во тестирањето и да придонесат кон успешна национална имплементација и дополнително унапредување на системот додека сè уште е во тест-фаза.
Аналитика








