Пријавите за данокот на додадена вредност наместо до 25, ќе може да се достават заклучно со 26 април. Сите што го чекале крајниот термин, добиваат уште еден ден. Информацијата за даночните обврзници е од Управата за јавни приходи.
Од УЈП посочуваат дека пропишаниот рок за поднесување на пријавите „ДДВ–04“, кој истекува на 25 месецов, се продолжува за еден ден. Причина за тоа е владината одлука – среда (24.04.2024) да се прогласи како неработен ден за сите граѓани.