ПОВЕЌЕ

    УЈП: Рокот за ДДВ-04 пријавите продолжен до понеделник, се надградува системот е-ПДД

    Време зa читање: < 1 минутa

    Управата за јавни приходи ги информира даночните обврзници и корисниците на електронските услуги на системот е – Персонален данок, дека врши надградба на системот е – ПДД. Поради тоа системот ќе биде во прекин од петок (26 јануари) во 16 часот. Интервенцијата ќе се извршува за време на викендот, а по завршувањето на активностите УЈП навремено ќе информира.

    „Ја известуваме јавноста дека поради овој процес за надградба на системот можни се и прекини во работењето на апликацијата МојДДВ. Ги замолуваме даночните обврзници и корисниците на услугите на УЈП да имаат разбирање додека трае надградбата на системот, бидејќи ќе овозможи поквалитетни услуги за крајните корисници“, се вели во соопштението од Управата.

    Поради вршење на надградбата и отежнато пријавување на даночните пријави преку системот е-Даноци, рокот за поднесување на ДДВ-04 пријавите се продолжува заклучно со понеделник.

    14,794Следи нè на facebookЛајк

    слично