ПОВЕЌЕ

    Продолжување на мерката за финансиска поддршка за исплата на плата и во месец јуни 2020

    Време зa читање: 2 минути

    Работодавачите и самовработените лица имаат можност за користење на мерката за финансиска поддршка за исплата на плати од 14.500 денари, освен за месеците април и мај 2020 година, да ја користат и за исплата на плата за месец јуни 2020 година.
    Оваа мерка за месец април 2020 година ја искористиле 5.178 самовработени лица и 19.738 компании во кои се опфатени околу 130 илјади вработени, а со мерката субвенционирање на придонеси опфатени се 12.092 вработени од 1700 компании.

    Управата за јавни приходи ги обработува барањата за месец мај, а согласно последните обработки досега за мерката финасиска поддршка за исплата на плата за месец мај 2020 прифатени се 20.834 барања на компании, односно на 5.704 барања на самостојни вршители на дејност, а за мерката субвенционирање на исплатата на придонеси прифатени се 2.428 барања.

    Управата за јавни приходи врши и контрола и анализа на злоупотреба на одобрените и исплатените финансиски средства. Воедно апелира и ги охрабрува граѓаните кои сметаат дека работодавачите земале финансиски средства по оваа мерка, а не им ја исплатиле платата, да поднесат претставка до Управата за јавни приходи или до Државен инспекторат за труд.

    Погледнете ја листата на Топ 100 најголеми работодавачи за 2019-та година.

    Дознај кои се 100-те најголеми компании по приходи во Македонија,  –> топ 100 најголеми ]

    14,794Следи нè на facebookЛајк

    слично