Управата за јавни приходи упати повик до нотарите, адвокатите, занаетчиите, извршителите, корисниците на тезги на зелените пазари и до сите други вршители на дејност и трговци поединци, да ги намират доспените месечни аконтации за 2023 година.
Воедно, од Управата укажуваат дека веќе се започнати активностите за опомена на даночните обврзници од оваа категорија, кои не ја извршиле. Следен чекор, согласно Законот за даночна постапка, се мерките за присилна наплата. Притоа, напоменуваат, долгот ќе се зголеми со еднократна такса.
„За да се избегнат овие постапки, дополнителни трошоци и загубено време, апелираме даночните обврзници да ги платат обврските ВЕДНАШ! Доколку сметаме дека обврските кои се водат во системот „е-Персонален данок“ не се точни, во најкраток можен рок обратете се во надлежната регионална дирекција или даночно одделение на УЈП“, соопштуваат од Управата.