ПОВЕЌЕ

    Турците и Германците најбројни странски гости во Македонија

    Време зa читање: 2 минути

    Зголемен е бројот на туристите забележан во ноември минатата година, пред сè поради странците што ја посетиле земјава. Регистрирани се 77.570 туристи и 146.605 ноќевања, покажуваат последните податоци на Државниот завод за статистика. Меѓу нив 25,7 проценти се домашни, а 74,3 проценти се странски туристи. Повторно најбројни се гостите од Турција – 12.401, по кои следат 11.812 од Германија, 3.793 од Србија и 3.506 од Грција

    Бројноста на гостите е проследена со годишен раст од 16,3 насто, затоа што во ноември 2024 година биле евидентирани 66.701 турист. Притоа, бројот на домашните туристи опаднал за 5,4 отсто, од 21.045 на 19.910. Наспроти тоа, бројот на странските туристи пораснал за значителни 26,3 насто – од 45.656 на 57.660.

    Сличен е трендот и кај ноќевањата, каде што годишниот раст е 6,1 насто. Во ноември 2024 статистиката нотирала 138.226, а во текот на истиот лански месец 146.605. Ноќевањата во 33,9 отсто се остварени од нашинците, а 66,1 отсто од странците. Оттаму, домашните ноќевања се намалени за 6,8 отсто ( од 53.332 на 49.709), додека странските се зголемиле за 14,1 насто (од 84.894 на 96.896). Во апсолутни бројки соодносот е Бројот на ноќевањата во ноември 2025 година изнесува 146 605, од кои 33.9 % се од домашните туристи, а 66.1 % од странските туристи.

    Гледано кумулативно за периодот јануари–ноември, во 2025 година се остварени 1.277.076 туристички доаѓања, што е за 6 насто повеќе во однос на споредбениот период од 2024 година. Кај домашните гости има благ пад од 2,5 проценти – на 398.781, а кај странците има раст од 10,3 проценти со достигнати 878.295 доаѓања.

    Кумулативно, во тој период се реализирани 3.211.209 ноќевања, што е минимален раст од 0,8 насто. Домашните ноќевања бележат пад од 4,3 отсто, а странските ноќевања се зголемени за 6,9 насто.

    14,794Следи нè на facebookЛајк

    слично