Извозот на Турција минатата година достигна ниво од 171,1 милијарда долари, што е 1,9% повеќе во однос на 2018 година, покажуваат податоците на World’s top exports.
Над половина или 56% од извозот на Турција завршува во европските земји, додека 25,9% од производите и услугите произведени во оваа земја се извезуваат на азискиот континент.
Најголеми трговски партнери на Турција се: Германија (9% од вкупниот извоз), Велика Британија (6,3%), Италија (5,4%), Ирак (5,2%), САД (4,7%), Франција (4,5%), Шпанија (4,5%), Холандија (3,2%), Израел (2,5%), Русија (2,3%), Романија (2,2%) и Обединети Арапски Емирати (2,1%).
Најголем дел од извозот или 15,3% го сочинуваат возилата коишто на земјата ѝ донесоа 26,2 милијарди долари. Втор најизвезуван производ се машини во вредност од 16,5 милијарди долари и железо и челик во висина од 9,9 милијарди долари.
Извор: Бизнис Инфо