Стабилна, растечка и иновативна се атрибутите на ТТК банка стекнати во текот на 18-годишното работењето под овој бренд. Создаден на први јули 2006, со спојувањето на две банки кои зад себе веќе имале повеќе од петдецениска традиција – Тетекс – Кредитна банка АД Скопје и Тетовска банка АД Тетово.
Во годините до полнолетството ТТК банка ја зацврсти пазарната позиција, применувајќи ги основните начела на банкарското работење: стабилност, ликвидност, профитабилност и солвентност. Предводена од искусен тим и менаџмент, кои со ентузијазам, посветеност и ангажираност ја воделе Банката по патот на растот и развојот. Која веќе е препознатлива како банка со доминантен домашен капитал и со значителни резултати во сите аспекти на деловното работење, обезбедувајќи силна финансиска поддршка за граѓаните, компаниите и заедницата.
Со изграден здрав деловен модел и потврден капацитет со 259 вработени, 31 деловна локација низ земјата и широко распространета мрежа на банкомати на над 80 локации, продолжуваме со реализација на стратешките иницијативи за раст и иновации, преку поддршка на нашите клиенти и следење на современите трендови на банкарскиот пазар, посочуваат од ТТК банка. И додаваат – со атрактивни и конкурентни производи и услуги, градиме правичен однос и обезбедуваме брза и ефикасна услуга, континуирано следејќи го патот на финансиската независност и просперитет.
„Остануваме силно посветени на визијата да бидеме прв избор за нашите клиенти и вработени, водечка банка по квалитетот на услугата и задоволството на клиентите“, порачуваат од ТТК банка.