ПОВЕЌЕ

    Триглав пензиско друштво ја зголемува главнината со емисија на акции од милион евра

    Време зa читање: < 1 минутa

    Емисија од 20 илјади акции во вредност од еден милион евра ќе издаде Триглав пензиско друштво. Петтата емисија е наменета е за познат купувач, а целта е зголемување на основната главнина. Друштвото доби дозвола од Комисијата за хартии од вредност.

    „Комисијата за хартии од вредност донесе Решение со кое на  Триглав Пензиско Друштво АД Скопје  му се дава одобрение за издавање на долгорочни хартии од вредност по пат на приватна понуда. Станува збор за петта емисија на 20.000 обични акции со вкупен износ од 1.000.00 евра во денарска противвредност. Зголемувањето на основната главнина со нови парични влогови се врши за познат купувач – институционалниот инвеститор, кој е и единствен акционер со 100 % учество на акционерскиот капитал на Друштвото и тоа: Заваровалница Триглав д.д Љубљана, Република Словенија“, се вели во известувањето од КХВ.

    Триглав пензиско друштво ги издава новите обични акции со цел одржување на потребниот износ на главнина пропишан со Законот за доброволно финансирано пензиско осигурување.

    14,794Следи нè на facebookЛајк

    слично