Три седумки во нетрговскиот трансфер на акции

Време зa читање: < 1 минутa

Намалена активност во доменот на нетрговските транфери на акции на котираните друштва. Сопственоста е пренесена кај 777 акции, сите обични, издадени од седум компании и две банки, а тоа било изведувано во непарните денови од неделата, во понеделник 446, среда 85 и во петок 246.

Според податоците од Централниот депозитар за хартии од вредност кои ги објавува Македонска берза, најмногу акции – 185 се подарени, наследени… од скопски „Алкалоид“.

Сопственоста на овој начин е префрлена и кај 142 обични акции на „Раде Кончар – Апаратна техника“ и 119 на Тутунски комбинат АД Прилеп. Со ЖАС АД Скопје се поврзани 81, со „Макпетрол“ 20, а со струмичките „Кланица со ладилник“ и „Оранжерии Хамзали“ – 62, односно 164 обични акции.

Од акциите емитувани од банките, процесот на нетрговскиот трансфер го минале три обични акции на Комерцијална и една на Стопанска банка АД Битола.

 

14,794Следи нè на facebookЛајк

слично