ПОВЕЌЕ

    Трговците платиле над 862 илјади евра за прекршоци – картелите и нефер практиките нема да се толерираат

    Време зa читање: 2 минути

    Повеќе од 862,5 илјади евра платиле трговците, кај кои биле утврдени малверзации од типот на картелско здружување, непочитување на фер трговските практики и воопшто, прекршување на законските одредби и правила.

    „Во текот на 2025 година се изречени казни за повреди на одредбите од Законот за заштита на конкуренцијата и за повреди на одредбите од Законот за забрана на нефер трговски практики, во вкупна вредност од 53.044.555,00 денари“, соопштија од Комисијата за заштита на конкуренцијата.

    Со овие санкции, се вели во информацијата, Комисијата, испраќа јасна и недвосмислена порака дека „картелските договори, забранетите договори, злоупотребата на доминантна позиција, непријавените концентрации и нефер трговските практики нема да се толерираат“. Исто така, се посочува дека казните имаат „изразена превентивна улога и претставуваат ефикасен механизам за одвраќање од идни повреди на пазарните правила“.

    Комисијата ќе продолжи со активен надзор и доследна примена на законските овластувања, со цел обезбедување фер и транспарентни пазарни услови, еднаков третман на економските оператори и ефективна заштита на конкуренцијата и интересите на потрошувачите.

    14,794Следи нè на facebookЛајк

    слично