ПОВЕЌЕ

    ТОПЛОТЕН БРАН НА АНТАРКТИКОТ: Tемпературите се зголемуваат за 50 степени повисоки од просекот

    Време зa читање: 2 минути

    Научниците се загрижени за последиците од историскиот топлотен бран на континентот Антарктик, кој обично е познат по своите екстремно ниски температури. Оваа необична топлина за време на најстудената сезона на Антарктикот може да сигнализира идни еколошки предизвици за континентот и може да има глобални реперкусии, објави Си-Ен-Ен.

    Зимата со температури слични на лето е загрижувачка за регионот, иако голем дел од Антарктикот останува прилично студен. Тоа може значително да придонесе за зголемување на нивото на морето бидејќи загадувањето со фосилни горива ги зголемува глобалните температури.

    Областа го држи најголемиот дел од мразот на планетата Земја. Неговото целосно топење би можело да го подигне просечното глобално ниво на морињата за повеќе од 150 стапки, се додава во публикацијата.

    Неодамнешните податоци откриваат невообичаено високи температури во делови од источен Антарктик. Температурите тамуобично се движат од -58 до -76 степени целзиусови, но сега се искачија на -13 и -22 степени целзиусови.

    Заменик – научниот водач на тимот на Британското Антарктичко истражување за атмосфера, мраз и клима, Томас Брејсгирдл, изјави за публикацијата дека температурите за време на овој период биле рекордни и може да укажуваат на идни климатски трендови. Според него, на Антарктикот се очекуваат поекстремни високи температури поради климатските промени, но потребно е дополнително проучување за овој специфичен настан. Иако топлотните бранови од овој размер би требало да се ретки на Антарктикот, научниците не се сигурни дали тие стануваат се почести. Но, нивната перцепција може да се промени наскоро, рече тој.

    14,794Следи нè на facebookЛајк

    слично