ПОВЕЌЕ

    Топло-ладно во работењето на Жито Лукс АД Скопје: Загуба, добивка, инвестиции

    Време зa читање: 2 минути

    Подобар финансиски резултат за 10 милиони денари или во противвредност на 162,3 илјади евра оствариле лани во Жито Лукс АД Скопје во однос на 2021 година. Како што велат од таму, успеале во тоа и покрај загубата пред оданочување од 113,6 илјади евра (седум милиони денари). Негативниот ефект се образложува со замрзнатите цени на производите од категоријата леб и брашно во јануари и февруари 2022, но и со енормното зголемување на цените на енергенсите за 300 насто, како и на суровините, од кои само пченицата поскапела за 42 проценти.

    Сепак, приходите од продажбата бележат раст од 20 насто. Со исто толкав процент е зголемена продажбата на домашниот пазар, а приливот од извозот е повисок за 19 насто споредено со 2021 година. Остварувањата на локален терен се поради корекцијата на цените во текот на годината. И, како што посочуваат од компанијата „тие зголемувања не беа доволни да се покрие континуираниот растечки тренд на цените на инпутите“.

    Останатите оперативни приходи изнесуваат 522,8 илјади евра или 32.199 илјади денари. Зголемени се за 96 насто, како резултат на еднократен ефект.

    Трошоците, пак, на произведени производи изнесуваат 15,1 милион евра (932.173 илјади денари) и тука се работи за зголемување од 23 насто споредено со 2021 година.

    Административните трошоци се зголемени за четири, а трошоците за продажба и дистрибуција за 15 насто.

    Исто така, рст има и кај финансиските расходи – за 16 проценти.

    И покрај состојбата на топло-ладно кај постигнатите резултати, Жито-лукс не направил прекин во инвестицискиот циклус. Во текот на минатата година биле вложени 977,9 илјади евра (60.225 илјади денари), од кои најмногу средства завршиле во обновата на производствената опрема.

     

    14,794Следи нè на facebookЛајк

    слично