Тони Сопрано, кој го играше Џејмс Гандолфини во хит серијата „Сопранови“, ни даде неколку деловни совети .
Експертите за деловно управување честопати ги цитираат историските личности како Линколн, Атила или дури Исус Христос како примери.
Сепак, некои од најефикасните деловни совети ни ги даде покојниот Гандолфини преку легендарната улога на „контроверзниот бизнисмен“ Тони Сопрано.
Како да водите успешен тим или да воспоставите долгорочни деловни врски се само дел од прашањата на кои одговори најпознатиот шеф на мафијата на малите екрани во изминатата деценија.
1. Познанствата се сè
Тони Сопрано е свесен дека силните и позитивни врски се клучот за успехот во деловниот и приватниот живот. Од друга страна, недефинираните и конфликтни врски можат да доведат до несакани резултати.
2. Внимателно со информации
Обрни внимание на тоа каде ќе зборувате отворено. Не секој разговор е за сите уши. Случајно откриената информација може да доведе до недоразбирање и да ја наруши довербата на тимот во лидерот.
3. Бидете достапни
Без разлика дали станува збор за стриптиз бар или италијански ресторан, Тони Сопрано е секогаш достапен на неговите соработници и им олеснува да донесуваат одлуки со неговото присуство.
4. Помогнете им на младите
Бидете ментор на младите затоа што тие ќе ве поддржуваат додека стареете. Тони го воведе својот внук во бизнисот, што е метод што овозможува полесен трансфер на моќ и поддршка во кризни ситуации.
5. Верувајте во вашите соништа
Тони Сопрано сериозно ги сфаќа своите соништа и во нив бара значење што честопати ќе биде одлучувачко кога ќе донесете деловна одлука. Нашата потсвест често знае што свеста одбива да прифати.
6. Комбинирајте го бизнисот со уживање
Иако идејата изгледа контрапродуктивна на прв поглед, Тони користи комбинација на работа и забава за зајакнување на деловните односи.
Сепак, пред да примените кој било од овие совети во пракса, имајте на ум дека Тони работеше „надвор од законот“ и дека на крајот тој беше само лик од ТВ серија.