Производителот на автомобили Тесла, само што објави дека во првиот квартал од 2021 година испорача вкупно од 184.800 возила и произведе 180.338 автомобили.
Аналитичарите, според податоците собрани од компанијата за финансиска анализа, предвидувале дека „Тесла“ ќе испорача околу 168.000 возила во овој период, со проценки од 145.000 до 188.000 единици, пренесува CNBC.
Бројот на испорачани возила го надмина претходниот рекорд на Тесла од 180.570 единици, кој беше забележан во четвртиот квартал на 2020 година.
Сите електрични возила произведени во првите три месеци од 2021 година беа седани Модел 3 и “Кросовер” теренски возила “Модел Y”.
Сепак, 2.020 возила Model S и Model X беа испорачани на клиенти од залиха, што е само еден процент од вкупниот број продадени автомобили.
Во изјавата на Тесла се вели дека со „инсталирана и тестирана нова опрема во првиот квартал“, компанијата сега е „во рана фаза на зголемување на производството“ за иновативните верзии на моделите S и X.