ПОВЕЌЕ

    Тешки одлуки на аеродромите ширум светот

    Време зa читање: 2 минути

    Работните места и заработувачката за повеќе од 27 милиони Европејци кои работат во сектори тесно поврзани со авионски патувања, аеродроми и туризам се критични загрозени, поради недостаток на решение во борбата против пандемијата, посочуваат компаниите од таа област.

    Повеќе од 20 организации од овие сектори се обединија во повикувањето до раководството на Европската комисија да го замени ограничувањето на движењето со карантин со протоколот на ЕУ за тестирање на патувања, во обид да се спасат средства за живот на милиони луѓе кои работат во овие сектори.

    Иницијативата доаѓа по најновите податоци на европскиот огранок на Меѓународниот аеродромски совет АЦИ ЕВРОПА, кои покажуваат континуиран пад на патничкиот сообраќај на европските аеродроми во текот на првите две недели од септември од 73 проценти, додека падот во август изнесуваше 65 проценти.

    „Се надеваме дека ЕУ нема да нè изневери. Затоа, ве повикуваме да го направите ова прашање врвен приоритет и ве повикуваме да го решите ова прашање директно сп шефовите на држави“, рече раководството на ЕУ во отворениот повик по натамошното драматично намалување на сообраќајот на авионски патници.

    Податоците од највлијателните здруженија во аеродромскиот сектор, Меѓународната организација за цивилно воздухопловство (ИЦАО), Меѓународниот аеродромски совет АЦИ и Меѓународната асоцијација за воздушен транспорт (ИАТА) покажуваат дека бројот на патници на глобално ниво ќе достигне до 61 процент, и дека авиокомпаниите ќе вршат до 55 проценти помалку летови од минатата година.

    Аеродромите ширум Европа, чија деловна активност е директно зависна од извршените летови, нивната фреквенција и зафатеноста на авионите, покажуваат дека ова се драматично лоши податоци. Фрапорт, кој управува со најголемиот аеродром во Европа, оној во Франкфурт, објави дека, поради кризата, ќе биде принуден да отпушти 4.000 работници од целата група.

    14,794Следи нè на facebookЛајк

    слично