ПОВЕЌЕ

    Тензиите во една држава ја „лансираа“ цената на нафтата на рекордно ниво за последниве седум години

    Време зa читање: 3 минути

    Цената на нафтата порасна за повеќе од еден долар за барел откако светот со загриженост ја следи состојбата во Јемен, каде војската на Обединетите Арапски Емирати беше нападната од страна на бунтовниците на милитантната група Хути, што ги зголеми тензиите помеѓу парамилитантите, поддржани од Иран и воената коалиција предводена од Саудиска Арабија. „Најновите геополитички тензии дополнително ја зголемија затегнатоста на пазарот“, велат од аналитичкиот тим на Australian and New Zealand Banking Group.

    Фјучерсите на суровата нафта брент поскапеа за 1,37 долари, или 1,6 отсто, на 87,85 долари за барел утринава, додека фјучерсите на американската WTI скокнаа за 1,71 долари или 2 отсто од исплатата во петокот на 85,53 долари за барел. Трговијата во понеделникот беше намалена бидејќи беше државен празник на САД. И двете одредници утринава се искачија на нивните највисоки нивоа од октомври 2014 година.

    По лансирањето на напади со беспилотни летала и проектили кои предизвикаа експлозии во камиони со гориво и убија три лица, парамилитантното движење Хути упати предупредување дека ќе таргетира повеќе објекти, додека пак ОАЕ соопштија дека го задржуваат правото да „одговорат на овие терористички напади“.

    Нафтената компанија од Обединетите Арапски Емирати, ADNOC соопшти дека ги активирала плановите за продолжување на производството за да обезбеди непречено снабдување со производи на своите локални и меѓународни клиенти по инцидентот во нивното складиште за гориво во Мусафах.

    Аналитичарите сметаат дека на цените на нафтата, влијаат и пониските зимски температури на северната хемисфера кои ја зголемуваат побарувачката за горива загреење.

    „Прогнозите на аналитичарите очекуваат побарувачката да ја надмине понудата оваа година бидејќи светот се отвора по 2-годишните заклучувања и продолжува со нормална траекторија напобарувачката“, вели Еш Гловер, аналитичар на CMC Markets.

    Тесниот баланс помеѓу понуда и побарувачка веројатно нема да се олесни ниту во следниот период, велат аналитичарите. Некои производители во рамките на Организацијата на земјите извознички на нафта (ОПЕК) континуирано се соочуваат со потешкотии во своите напори да испумпуваат нафта во склад со дозволените капацитети, поради застареноста на производствените капацитети како и поради честите прекини, во склад со постигнатиот договор со Русија и сојузниците, познат како ОПЕК +, за дополнителни 400.000 барели дневно секој месец.

    „Ова и натаму ќе продолжи да ја поддржува сегашната состојба со нафтата поради што се почесто се спомнуваат и троцифрени цени“, вели аналитичарот на OANDA, Крег Ерлам.„Ако тековните геополитички тензии продолжат и членките на ОПЕК + и натаму не успеваат да го достигнат планираното зголемување на производството од 400.000 барели дневно, што заедно со силната техничка перспектива би можеле да придонесат цените да се придвижуваат кон границата од 100 долари, што е горната граница на нивото на технички отпор“, додаде Гловер.

    14,794Следи нè на facebookЛајк

    слично