ПОВЕЌЕ

    Телефон со стил, интелигенција и магија за секој ден

    Време зa читање: 4 минути

    Телефон кој не само што изгледа супер-елегантно, туку и да ве разбира ќе најдете во Galaxy S25 Ultra, создаден за оние кои сакаат повеќе – повеќе стил, повеќе смарт, повеќе слобода. Со интегрирани AI технологии овој уред е тука да ви го олесни секојдневието, благодарение на врвните иновации кои ги содржи. Без разлика дали сте на утринско кафе, патувате или уживате во викендот, Galaxy S25 Ultra е секогаш чекор пред вас.

    Google Gemini Advanced: технологија која ја менува играта

    Како премиум телефон, и со тоа главна ѕвезда на серијата Galaxy S25, овој уред изобилува со функции со cutting-edge технологии. Една од предностите на Galaxy S25 Ultra е неговата вградена Google Gemini Advanced технологија. Оваа вештачка интелигенција не е само побрза или поефикасна – таа е дизајнирана да ја разбере вашата дневна рутина, да ги анализира вашите навики и да ги оптимизира сите функции на телефонот во реално време. Google Gemini Advanced учи од вас, и не само што се прилагодува на вашите потреби, туку и предвидува што ви треба уште пред да побарате. Од автоматско прилагодување на светлината и поставките на апликациите, до прецизно предвидување на вашите активности и движења, оваа технологија го прави Galaxy S25 Ultra најпаметниот мобилен уред на пазарот.

    Перформанси кои го редефинираа стандардот за премиум телефони

    Galaxy S25 Ultra доаѓа со најнови хардверски компоненти кои обезбедуваат неверојатно моќни и брзи перформанси. Екран со висока резолуција, батерија која трае подолго и процесор кој работи без застој го прават совршен за професионалци и ентузијасти кои бараат извонредност. Камерата и обработката на слика овозможуваат професионални фотографии во секој момент, а мобилниот процесор гарантира брзо отворање на апликациите и оптимална работа дури и при најтешки задачи.

    Интуитивно и персонализирано искуство

    Серијата S25 се базира на One UI 7 – интерфејс кој го прави користењето на телефонот едноставно, интуитивно и пријатно. Секој потег и секоја функција се оптимизирани за моќно, но едноставно искуство. Со S25 Ultra, очекувајте уште повисоко ниво на персонализација и ефикасност, со ажурирања за Android OS и безбедносни надградби до 7 години, гарантирајќи дека уредот ќе остане врвен и во иднината.

    SmartThings: кога технологијата и комфорот се среќаваат

    Со користење на апликацијата SmartThings, Galaxy S25 Ultra може да биде и централна команда за вашиот паметен дом. Контролирајте светла, термостати, безбедносни камери, управувајте со телевизорот, пуштете ја климата пред да стигнете дома, следете ги циклусите на вашата машина за перење од далечина и други уреди со неколку допири на екранот, дури и кога сте надвор од дома. SmartThings го прави секојдневието поудобно и поефикасно, спојувајќи технологија и комфор на еден интуитивен начин.

    Безбедни податоци

    Samsung Knox ја штити вашата приватност на сите нивоа – од хардверот до апликациите. Со шифрирање на сите податоци и повеќеслојна заштита, вашите информации остануваат безбедни од сите можни закани, обезбедувајќи целосен мир на умот.

    Испробајте ги функциите пред да го купите

    Со апликацијата Try Galaxy, можете лично да го доживеете корисничкото искуство со Galaxy S25 Ultra и сите негови иновации пред да го купите, без разлика каков телефон во моментот користите.  Со преземање на оваа апликација, можете да ја испробате камерата, екранот со висока резолуција, брзите перформанси и Galaxy AI функциите кои го прават вашиот ден поедноставен и поинтересен. Try Galaxy ви овозможува да почувствувате како технологијата се прилагодува на вас и да се уверите зошто Галаџѕ S25 Ultra не е само телефон, туку вистински паметен партнер, кој ги комбинира моќта, иновацијата и сигурноста во еден уред.

    Комерцијален текст

    14,794Следи нè на facebookЛајк

    слично