Такси превозникот Cammeo од 28.05.2024 станa Wizi.
Такси Cammeo ја започна својата мисија пред цели 18 години во Хрватска, а во Македонија од август 2020 година. Од тогаш ја сменивме перцепцијата за користење на такси и овозможивме превозот да биде достапен и поволен во повеќе од 27 градови низ Македонија, Хрватска и Словенија.
Секоја година Такси Cammeo превезува повеќе од 7,5 милиони патници, а нашите возила дури 10 пати го поминуваат растојанието од Земјата до Месечината!
Затоа е време за ново поглавје во нашата приказна и со голема гордост објавуваме:
Cammeo стана Wizi!
Wizi е ново поглавје за Cammeo. Освен името и визуелниот идентитет, новото поглавје носи и целосно ново искуство во такси превозот: поквалитетна и подобра услуга, зад која стојат иновативни технолошки решенија базирани на вештачка интелигенција. Сите добри карактеристики на Cammeo, како што се пријатните возачи, безбедноста и поволната цена – Wizi ќе ги задржи. “Благодарам на сите патници што го препознаа Cammeo и беа дел од нашата приказна во последните 18 години. Целото време го подигнувавме квалитетот на услугата и бевме тука за нашите сограѓани, а сега е време за нов чекор. Ребрендирањето ќе ни помогне во ширењето на други пазари, но Wizi не е само промена на логото бидејќи со помош на вештачка интелигенција и напредните технологии ќе го подигнеме искуството во возењето на едно ново ниво!”, истакна Владимир Миновски, основачот и сопственик на Wizi групацијата. Автор на новиот бренд е наградуваниот тим од студиото Zambelli Brand Design од Риека.
За Wizi
Wizi е иновативен и безбеден такси превоз.
Основата на понудата на Wizi е стандардизацијата: стандард за возила кои се безбедни и чисти, стандард за возачи кои се проверени и искусни и стандард за услуга која е секогаш квалитетна, брза и поволна.
Wizi се истакнува како технолошки ориентирано решение кое нуди интегриран софтвер за сите учесници во превозот – возачи, патници, кол центар, како и сопственици и управители на такси компании. Во традиционалната индустрија како што е такси превозот, Wizi носи модерна технологија и го подобрува искуството на работа за сите учесници.
Бројот на телефонот за нарачка на услуги и апликацијата остануваат исти!
Телефонските броеви на кои се повикуваше Cammeo, автоматски водат до центарот за повици на Wizi. Истото важи и за мобилната апликација преку која се нарачуваше Cammeo. Корисниците можат да ја ажурираат во AppleStore, PlayStore или AppStore и автоматски ќе ја добијат новата Wizi апликација.
Целта на ребрендирањето е да се создаде бренд кој не само што ја продолжува традицијата на иновативност, туку и комуницира со новите генерации на потрошувачи и го враќа сјајот на оваа иновативна компанија.
Така е роден Wizi – Мојата визија за слобода. Wizi претставува модерен пристап кон мобилноста, приспособен на потребите на денешните корисници. Со акцент на едноставност, пристапност и иновации, Wizi е подготвен да донесе свежина и возбуда на пазарот на такси услуги.