ПОВЕЌЕ

    Светски признатата Адижес методологија пристигнува во Македонија – обука за менаџери и лидери

    Време зa читање: 3 минути

    Првата обука за менаџери и лидери во Македонија базирана на светски признатата Адижес Менаџмент Методологија во организација на Know How Training Provider ќе започне на 29 октомври.

    Оваа обука претставува новитет на македонскиот пазар, со системски пристап кон развој на лидерски и менаџерски вештини. Преку 10 сесии, учесниците ќе добијат над 50 часа интензивна едукација, обработка на 20 теми од областа на менаџмент и лидерство, како и пристап до ексклузивни видео лекции од самиот основач на методологијата – Др. Исак Адижес.

    Know How Training Provider е единствениот одобрен партнер на Адижес Институтот во Македонија, со ексклузивно право за користење на ALIS прашалниците за профилирање на лидерски стил како и логото на истите во Македонија.

    Know How Training Provider на пазарот во Македонија постои веќе 23 години и е цврсто етаблиран како провајдер за бизнис едукација кој нуди квалитетни и практично применливи обуки кои на учесниците на обуките им овозможуваат да се вратат на своето работно место од обука со применлива алатка за подобри успеси.

    Секој учесник ќе добие бесплатно индивидуално профилирање, како и членство во Клубот на Менаџери на Know How TP.

    Обуката ќе се одвива двапати месечно, со сесии на секои две недели. Секоја сесија е поврзана со претходната, овозможувајќи длабинско разбирање на процесите во менаџирањето и лидерството.

    Оваа обука ќе ја води Павле Зимбаков, обучувач со повеќе од 22 години искуство во областа на бизнис едукација како и одобрен Адижес партнер за користење на прашалниците за профилирање на лидерски стил ALIS – Adizes Leadership Indicators Suite.

    Со над 15 години професионално искуство во областа на менаџментот, лидерството и организацискиот развој, Павле Зимбаков се истакнува како еден од најпрепознатливите експерти во Македонија. Неговиот пристап е практичен, со примена на конкретни алатки што им овозможуваат на учесниците на неговите обуки да постигнат мерливи резултати уште веднаш по нивното завршување.

    Она што го издвојува Зимбаков е фактот што е еден од ретките професионалци во земјава кој досега има реализирано десетици процеси на успешни организациски трансформации на компании, следејќи современи и докажани методологии.

    Промотивна цена за првата група изнесува 64.990 денари достапна со рана пријава и уплата најдоцна до 10 октомври 2025 година. Бројот на учесници е ограничен на 16, а приоритет имаат лица кои веќе управуваат со тимови и процеси.

    Оваа иницијатива има за цел да создаде обучен кадар кој ќе гради здрава организациска култура базирана на меѓусебна доверба и почит – темелот на секој успешен бизнис.

    Оваа обука е вистинска инвестиција за оние кои веруваат дека најголемиот капитал на една компанија се луѓето.

    За пријавување и повеќе информации:

    📧 [email protected]

    📞 072 315 315

    Комерцијален текст

    14,794Следи нè на facebookЛајк

    слично