Дали на Скопје му треба популизам допадлив на гласачите или длабински, системски решенија кои нема да бидат видливи на прва?
Смет, јавен превоз, урбанизам. Три теми, три отворени рани на главниот град. Кандидатите за градоначалник на Град Скопје од редовите на СДСМ и на ВМРО-ДПМНЕ, Каја Шукова и Орце Ѓорѓиевски гостуваат во поткастот „Каде се парите?“.
Што точно велат? Дали има рокови и пари за тоа?
И што ќе направат ако мерките се непопуларни?
Гледајте нѐ. А за да нѐ најдете, отидете на YouTube, во пребарување на кирилица напишете „пари“ и ние ќе ви се појавиме. Следете нѐ.