ПОВЕЌЕ

    Сушата ја чинеше американската памучна индустрија милијарди долари

    Време зa читање: 3 минути

    Производителите на памук во Тексас, каде што се произведува околу 40% од родот во САД, се соочуваат со тешка суша што ја чини индустријата милијарди. Недостатокот на дожд и екстремните горештини ги принудуваат одгледувачите во државата да напуштат речиси 70% од памучните хектари што ги засадија на почетокот на оваа година, според прогнозата на Министерството за земјоделство на Соединетите Американски Држави (USDA).

    „Тоа беше една од најтешките години за производство на памукот што некогаш сме ги виделе историски, сѐ од 1950-тите“, рече Коди Бесент, извршен директор на Plains Cotton Growers, која ги претставува земјоделците во 42-те окрузи во регионот на Хај Плејнс во северен Тексас.

    САД се најголемиот извозник на памук во светот, испраќајќи го огромното мнозинство од памукот што го одгледуваат во странство. За 2022 година предвиденото производство на памук во САД изнесуваше 40 милиони бали, но оваа година, производството на памук се очекува да се намали на околу 14 милиони бали памук, што е пад од 21% од минатата година, вели USDA.

    Во Тексас, најголемата држава за производство на памук во земјата, каде се произведува 40 отсто од вкупното американско производство на памук и каде памукот традиционално се смета за индустриска култура која дава најголем поврат на инвестициите, земјоделците и другите во индустријата се тешко погодени од годинешната суша. Поради речиси комплетното отсуство на дожд летово, преку 69% од земјоделските површини кои на почетокот на сезоната беа насеани со памук, се напуштени.

    Но, не се само производителите на памук погодени од сушата, тука се и фабриките за преработка на оваа суровина, кои исто така се соочуваат со потешкотии да опстанат. „Ова е тешка година и за инфраструктурата на памучната индустрија“, вели Дан Џексон, оперативен менаџер на една од тексашките кооперативни предилници. „Ние сме оставени на милост и немилост на временските прилики“.

    Огалала, најголемото вештачко езеро на светот, лоцирано на територијата на осум американски држави, наменето за наводнување на земјоделието, се проценува дека ќе биде сосема исцрпено во наредните осум години делумно поради прекумерното користење на надземните водотеци за наводнување.

    Цените на памукот, кои пораснаа на почетокот на 2022 поради зајакнатата побарувачка во Кина и силниот амертикански долар, сега остро паднаа. Дополнително отежителна околност е и порастот на побарувачката на облека од синтетички влакна која е полесно достапна.

    Во САД фармерите делумно се обештетени осигурување во случај на суша за кое дебело плаѓаат, но истражувањата покажуваат дека климатските промени придонесоа за енормно зголемување на барањата за исплата на ваквите обесштетувања. Во периодот од 1992 до 2017 биле исплатени вкупно 47 милијарди долари штети по основ на осугурувања од суша. „При суша како годинешнава, осигурувањето на посевите е единствената сламка на спасот за нас, фармерите“, вели Бери Еванс, фармер, производител на памук од Тексас.

    14,794Следи нè на facebookЛајк

    слично